Неша Галија Трио составено од фронтменот Ненад Милосављевиќ – Неша, неговиот брат Предраг и Горан Вучетиќ месецов ќе има три настапи во Македонија. Во рамки на својата турнеја тие ќе настапат во Струга, Струмица и Кавадарци. Првиот концерт е закажан за 12-ти август на летната сцена во Струга, 13-ти август е резервиран за настап во хотел „Вила Парк“ во Струмица а 14-ти август за „Елемент“ во Кавадарци.
Од албумот „Прва пловидба“ во 1979 година, Неша и Предраг функционираат како братски тандем, Неша компонира а постариот брат Пеца е текстописецот на бројните хитови. Тие заедно ги создаваат песните „Узалуд се трудиш“, „Ти можеш све“, „Дигни руку“, „Дали си спавала“, „Писмо“, „Котор“ и уште многу други.
Мини турнејата е во организација на Сцена продукција. Влезници за концертот во Струга се достапни на mktickets.mk и БараБар во Струга.
