Наташа Беквалац и нејзината сестра Кристина наводно започнуваат со работа на ново телевизиско шоу од септември. Се очекува од наесен приватниот живот на поп-ѕвездата и нејзиното пошироко семејство да биде прикажан на најшироката публика. Како што стојат работите, добро позната продуцентска компанија сака да сними реално шоу со сите детали од животот на Панонската Барбика зад камерите.
„Наташа и нејзината сестра Кристина со ентузијазам ја прифатија оваа идеја, бидејќи тие самите сакаат да ги гледаат некои од светски познатите реални шоуа. Добро е познато колку е духовита Наташа во медиумите, а изјавите што таа ги дава со години се апсолутно вирални. Работен наслов е „Беквалчеве“, а идејата произлезе од нејзиниот профил на Инстаграм.“ – вели извор близок до сестрите Беквалац.
Имено сите членови на поширокото семејство Беквалац ќе учествуваат во ова реално шоу. Мајката на Наташа, Мира веќе освои бројни симпатии меѓу нејзините обожаватели така што една од идеите е да значаен дел да му се посвети на нејзината животна мудрост и начинот на кој таа ја поднесува работата и популарноста на нејзината ќерка.
Пејачката неодамна изјави дека мисли се најдобро за реалните шоуа, но парите биле пресудни за да се случи ваков проект.
„Немам ништо против реалните шоуа, што се однесува до мене тоа е супер. Јас немам проблем со камерите. Мислам дека нашиот живот е многу интересен и го немам тој проблем да го споделам со луѓето што се случува во мојот приватен живот. Па ако некој понуди добра сума на пари, тоа може да се случи.“ – изјави Наташа.
