Музика на кирилица

Секоја недела од 19-ти септември ќе се емитува „Куќа со Кристина“

Конечно, од 19-ти септември, секоја недела од 20 часот премиерно на Телма телевизија ќе се емитува емисијата „Куќа со Кристина“. Автор и водител на проектот е пејачката Кристина Арнаудова, а емисијата е по пример на познатата српска емисија „Са Тамаром у акцији“.

 „Проектот на кој работевме заедно со нашата Кристина, долго време ќе можете да го видите и вие! Целта на овој ТВ проект е да покаже дека заедно можеме да направиме големи нешта, само ако сакаме! Пандемијата не’ успори, но не не’ запре“, велат организаторите на проектот.

Во рамки на проектот се реновираат домови на семејства од социјално ранливи категории. Средствата и материјалите се обезбедни од донации на поединци и компании.

Можеби ќе ве интересира: