Балканленд

Помина првата фестивалска вечер од “Пивофест 2013”

Вчера вечер во градот под марковите кули – градот Прилеп, започна единаесетото издание на најпознатиот балкански “Пивофест”. Градоначалникот на Прилеп Маријан Ристески и официјално со чаша пиво го стартуваше и го отвори и овогодинешното пиво издание на овој голем музичко-забавен настан.

На големата сцена на градскиот плоштад вчера продефилираа нашите македонски добро познати поп пејачи Драган Мијалковски, Маја Оџаклиевска, Зафир Хаџиманов, Дани Димитровска со својот бенд, а најголемата кулминација на вечерта беа светски познатите хрватски виончелисти познати како 2Cellos.

Насакаде прилепска скара, точено пиво, забави во речиси сите кафулиња, пеење и забава до раните утрински часови… Да тоа е “Пивофест”. По извонредниот, одличен и незаборавен настап на 2Cellos, во прес центарот на општината Прилеп се одржа прес-конференцијата за новинарите каде познатите виончелисти ги пренесоа своите впечатоци за “Пивофест”, настапот, публиката… и воопшто за се она што им привлече внимание. Тие изјавија дека мило им е што се повторно во македонија и што имаа одлична публика, иако на самиот почеток имале мал сомнеж, но сепак ова како настан им претставува голем предизвик.

Градоначалникот на Прилеп на крајот од пресот како благодарност за учеството на ова единаесето “Пивофест” издание, на 2Cellos плакети, благодарница и специјално подготвен подарок статуетка чаша пиво за сеќавење и спомен за гостувањето на “Пивофест 2013”. Музика24 останува во Прилеп да ве известува за случувањата кои се случуваат на овогодинешното единаесето по ред “Пивофест” издание.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: