По доктори најбројни кандидати за градоначалници и советници по се изгледа се уметниците. Хармоникашот Горан Алачки кој е кандидат за градоначалник на Берово доби поддршка од кралското семејство на Хунзите од Пакистан. Имено кралот Мир Газанфар Али Кан и неговата сопруга, кралицата Рани Атика испратија видео порака за поддршка на музичарот и кандидат на Интегра.

“Тешко се наоѓа човек од калибарот на Алачки. Во име на мојот народ и моето семејство, би сакал да го видам како избран на највисоката позиција. Се знам со него 20-30 години, би сакал да побарам од вас, луѓето од Македонија, да ја дадете својата доверба и својот глас за него”, порача кралот.
Хунзите се сметаат за потомци на Александар Македонски, а споменатиот крал од таа причина беше во посета на земјава во 2008 година.
