Оваа година освен прославување на единаесетото издание на “Пивофест”, се прославува уште еден убав настан, момент или ден… како сакате, а секако е поврзан со пиво фестивалот. Имено, Иванна Хаџиевска, која оваа година заедно со Ненад Ѓоргиевски се водителски пар на сите четири вечери, денес го прославува својот 26-ти роденден, па во таа чест присутните новинари на синоќешната прес конференција на самиот почеток и ја запеаа Happy Birthday.
Секако, на познатата Иванна и беше мило и малку се засрами, но таа веќе во своите раце имаше неколку рози кој во текот на новиот ден (по 00 часот) ги имаше добиено. Не е ни чудо, ниту за изненадување ако на вечерашната вечер на “Пивофест” Градоначалникот Ристески не ја изненади со торта на сцената.
Во секој случај, екипата на Музика24 и го честита роденденот и и посакува се најдобро на приватен и професионален план во животот.
Подготви: Александра Блажевска
