Како што пишуваат српските медиуми, познатиот фолк пејач Аца Лукас по втор пат станува дедо. Девојката на неговиот син Лазар Вуксановиќ е бремена, а тие пред само три години ја добие ќеркичката Миња. За сите оние кои што незнаат, до пред извесно време синот на Лукас работеше како таксист, додека сега работи како кол-оператор во една позната српска компанија.
“Лазар е одличен и успешен татко. Тој и никогаш не би морал да работи и може да ужива во луксузот кој што го има, но сепак, сака да заработи свои пари. Тој брзо се вклопи во тимот и лесно ја совлада новата работа, а колегите го обожаваат”, вели анонимен извор кој што е близок на Лазар, синот на Аца Лукас.
