Балканленд

Емина доби 300 илјади евра за да биде во жирито на познато турско модно шоу (Фото)

Пејачката Емина Јаховиќ има нов ангажман во Турција, за што инкасирала неверојатни 300.000 евра, пишуваат српските таблоди. Имено, пејачката која моментално се бори за алиментација со поранешниот сопруг Мустафа Сандал, е нов член на шоу програмата „Bir Başka Güzel“. Според изворите, нејзината задача е да ги оценува моделите и да ги избере најдобрите меѓу нив.

“Емина е многу популарна во Турција и затоа продуцентите ја поканија да биде во жирито на модниот натпревар. Како мала, таа започна да се занимава со манекенство пред да почне да пее, па продуцентите беа убедени дека тоа ќе биде целосен успех. Тие преговараа со неа некое време и конечно се согласија да и платат 300.000 евра за една сезона, што е бројка на која инсистираше Емина. Задачата на Емина е да ги оценува манекенките на пистата и заедно со колегите од жирито да ја избере најдобрата, кој ќе ја земе паричната награда и ќе потпише договор со модна агенција”, изјави извор близок до пејачката.

За ангажманот се огласи и пејачката која изјави дека ужива во работата.

“Драго ми е што сум дел од натпреварувањето. Го оценуваме стилот на девојките, карактерот, однесувањето во групата. Се е важно, не само убавината. Навистина уживам во оваа работа, а Турците наскоро течно ќе го зборуваат и српскиот”, вели Емина.

Можеби ќе ве интересира: