Каролина Гочева денеска ја промовираше новата нумера „Крв да ни се стори“, која ја отпеа со Бранислав Николов од групата „Фолтин“, познат како Пијан славеј. Музиката и текстот се на Пијан славеј, аранжманот го потпишува Дуке Бојаџиев, а како продуценти се потпишуваат: Дуке Бојаџиев, ОХО продукција и Ивица Јанкуловски. Идејата за песната била од неврзан „битолски“ муабет во продавница, од кој се роди нешто баш убаво, велат од Авалон продукција.
”Крв да ни се стори” е танц на копнеење во двојка… од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино“, напиша Каролина на социјалните мрежи.
