Култната песна на Халид Бешлиќ, посветена на сараевската река Миљацка, би можела повторно да се обвистини деновиве. Имено БиХ веќе неколку дена е погодена од обилни врнежи кои ги наполнија речните корита, дури и на вообичаено малата и мирна Миљацка.
Ko bi rek’o čuda da se dese
Pa Miljacka mostove odnese
Da ne mogu tebi doć’
Da ne mogu ulicom ti proć’ – пее Халид.
Токму затоа песната масовно се споделува на социјалните мрежи. А на тоа реагираше и познатиот пејач, кој моментално е во Германија.
И во тешки ситуации нашиот народ не ја губи смислата за хумор. Ситуацијата е сериозна, но нека се спаси само жива глава, материјално ќе се надомести. Ми се чини дека е полошо од минатиот пат. – вели Халид кој истакна дека е во контакт со пријатели од Сараево.
