Балканленд

Почина српскиот фолк пејач Маринко Роквиќ (Видео)

По кратко боледување, на 68 години почина српскиот пејач Маринко Роквиќ. Како што пишуваа српските медиуми,Маринко изминатиов период се бореше со бактеријата која му го нападнала организамот.

“Почина, не можам да зборувам…”, кратко низ солзи изјави неговиот син Никола.

Маринко кариерата ја започна во 1974 година. Во својата богата кариера сними дваесет и еден студиски албум и неколку синглови. Зад себе остави голем број на хитови: „Скитница“, “Потражичу очи зелене“, „Љубав стара срце пара“, „Поломио ветар гране“ и многу други.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: