Во прв ред

Авалон продукција го носи Стинг во Сараево

Како што не известуваат нашите соработници и пријатели од Авалон продукција, со доза на неверојатно задоволство и уште поголема возбуда, Авалон ви го најавува својот прв проект во 2022-та година. Можеби тој ќе е и еден од најважните проекти кои ќе се случат во годината што ни следи.

Како што велат од Авалон, артистот од А листата Стинг, својот голем концерт ќе го одржи на 19-ти март во олимписката сала „Зетра” во Сараево со почеток во 20 часот. Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs” турнеја, која беше прекината од познатите причини, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов албум „The Bridge” кој излегува на 19-ти ноември.

Ова воедно ќе претставува и прв концерт на Стинг во Сараево во неговата пребогата кариера. После концертот на U2 во Сараево, одржан во 1997-ма на стадионот “Кошево”, ова е најголем музички настан на сите времиња досега во Босна и Херцеговина.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 12-ти ноември во 9 часот наутро преку продажната мрежа на kupikartu.ba и онлајн преку истиот линк. Авалон Продукција сама го букираше и сама е организатор на овој врвен настан во Сараево.

Можеби ќе ве интересира: