Композиторот Миша Мијатовиќ проговори за смртта на својот близок соработник, пејачот Маринко Роквиќ и ги откри стиховите од неговата последна снимена, се уште необјавена песна.
“Завршивме се, освен спотот што сакаше да го сними, но за жал не дочека. Дефинитивно ќе ја објавиме песната кога ќе дојде време. Темата е таква случајност, не ни сонувавме што ќе биде понатаму. Се вика „Te noći kada umrem“, како нешто да насетуваше: „Te noći kada umrem, kada se stare ljubavi vrate, te noći neka me njenom pesmom isprate“. Многу и се радуваше на таа песна”, изјави Мијатовиќ.
