Српската пејачка на народна музика Мерима Његомир се бори со тешка болест, како што пишуваат српските медиуми. Имено здравствената состојба на пејачката е сериозно нарушена, и таа се бори со тешка форма на тумор. За дијагнозата пејачката дознала во септември и од тогаш е повлечена од јавноста. Според извор близок до пејачакта, таа последниот месец е во постела, и не станува од кревет. Ја посетуваат децата, и носат намирници и го чистат станот, а најмладата ќерка се преселила кај неа, како би и била при рака и поддршка во тешки моменти. По објавите во медиумите, таа даде само кратка изјава за српските медиуми, во која открива како се чувствува.
“Не се чуствувам добро. Неможам навистина да зборувам, не особено на оваа тема. Домот ми е полн, тука ми е семејството, покрај мене се сите”, изјави Његомир.
Информацијата ја потврди и нејзината колешка Нада Топчагиќ, која вели дека Мерима повеќе не одговара на нејзините пораки.
“Знам дека воопшто не е добро. Страшно е, некој страв ми се вовлекол во коските. И Мерима и Маринко се моја генерација, со години си ги чуваме кариерите и сме поминале се и сешто заедно. Потресена сум и не ми е до ништо. Се слушнав со неа многу кратко, ми се јави и ја нема повеќе. Ѝ пишувам, но нема одговор. Веројатно нема сила. Многу ми е жал. Во депресија сум и не одам никаде и ништо не правам. Му се молам на Бога за неа”, изјави Нада.
