Балканленд

И оваа година се сруши рекордот на “Пивофест”

Рекордите повторно се срушија. 11-от по ред Фестивал на пивото и скарата во Прилеп го достигна максимумот. Организаторите на денешната средба со новинарите излегоа со првите неофицијални бројки кои најавија рушењена рекордите:

400.000 илјади посетители присуствуваа на забавата на Фестивалот на пивото 2013 во изминатите четири вечери, при што се испија околу 300 тони пиво и се изедоа над 100 тони скара. Прилепчани се горди на манифестацијата. Прекрасниот настап на ексклузивните ѕвезди: Владо Ѓорѓиев, Халид Бешлиќ, Даниела Мартиновиќ, Миле Кузмановски, Соња Тарчуловска, 2Cellos, Зоран Џорлев и Горан Бреговиќ, “Давид Нешкоски Трио”, INNA… допринесоа овогодинешниот фестивал да покаже уште еднаш дека Прилеп го разви табуто дека треба да имаме езеро и плажа да го развиете туризмот сепак, секаде во светот најактуелен е културниот и фестивалски туризам, а Прилеп се стреми да стане центар во поглед на тој туризам во овој дел на Балканот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: