Дечкото кој што некогаш мака мачеше со женската публика, обожавателките и фановите, според најавите во понеделник на 1-ви август во манастирот “Св. Јован Бигорски” ќе се заколне на вечна љубов со неговата долгогодишна девојка Магдалена Јовчевска.
По венчавката, тие своето славење ќе го продолжат во еден од битолските ресторани каде со околу 200 гости Ламбе и Магдалена ќе го прослават најубавиот ден во нивниот живот. Редакцијата на Музика24 им посакува многу здравје, среќа и се разбира многу љубов.
Подготви: Виолета Трајкоска
