Балканленд

“Остављена” на Северина доби видео спот (Видео)

Хрватската пејачка која секогаш ги изненадува своите фанови на концертите, и овој пат го направи истото, но на нејзиниот фејсбук профил и фан страна. Таа неодамна го пушти својот најнов видео спот за новата песна “Остављена” кој што всушност преставува снимка од еден од концертите кој што таа скоро го има одржано во загребската Арена.

Новата песна е комплетно дело на Северина, а истата се наоѓа на нејзиниот нов албум “Добродошао у клуб”. Таа за хрватските медиуми изјави:

“Оваа песна е посветена на сите жени. Музиката и текстот ги напишав кога бев бремена. Тоа се тие мои мали и херметички мелодии со текстови наменети за сите жени, како своевидно продолжување на песните “Поглед под око” или “Што ме прашуваш што ми е”. Сите кои го преслушаа албумот ме молеа да снимам спот за неа. Мислам дека емоциите на концертот во загребска Арена беа на највисоко ниво и затоа за видеото одлучив да ја искористам снимката од тој концерт. Мене тоа многу ми се допаѓа”, изјави Северина по повод излегувањето на новиот спот. Во продолжение, погледнете го истиот.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: