Магазин

Холандија ќе купи автопортрет на Рембрант (Фото)

Како што пишуваат светските медиуми, Владата на Холандија планира да го купи култниот автопортрет на холандскиот уметник од 17-ти век, Рембрант ван Рајн. Таа бара одобрување од парламентот за купување на Rembrandt Standard Bearer, дело што се смета како многу важно за холандската култура и историја.

Ремек-делото од 1636-та година со векови било во сопственост на приватни колекционери, вклучувајќи ги и Ротшилдови. Делото прво ќе оди на турнеја пред да бидат изложено во амстердамскиот Rijksmuseum.

„Стандардниот носител се враќа дома засекогаш по патување од неколку векови“, изјави министерката за култура Ингрид ван Енгелшовен.

Владата издвои 150 милиони евра (170 милиони долари) за сликата, додека фондот на музејот ќе додаде уште 10 милиони евра. Здружението „Рембрант“ ќе учествува со дополнителни 15 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира: