Раскарани па смирени, смирени па повторно раскарани… и се така во круг се врти приказната околу познатиот балкански пар Северина и Милан Поповиќ. Некои велат дека се е до карактерот, некои пак дека Северина ја започнала целата работа откако го видела својот сопруг фотографиран на својата јахта во Далмација по што следувале серија расправии. Веќе подолг временски период Северина во јавноста се појавува без својот сопруг, а само со своето синче Александар. Но по се изгледа, Северина и не се замара толку многу околу тоа дали ќе биде со Милан или не. Таа веќе цело лето работи и има настапи, концерти… а еден од многуте за неа е закажан за 18-ти август во Струмица на “Струмица опен фест” кој што оваа година се одржува по втор пат.
По октомвриското раскарување и фебруарското смирување, дали може од овој познат балкански пар да очекуваме уште едно изненадување… Додека тие смислат што и како со себе, ние ќе Ве потсетиме на еден од најновите големи хитови на Севе “Добродошао у клуб” и не заборавајте, таа веќе на 18-ти ни доаѓа во Струмица, доколку се за добра забава се гледаме таму.
Подготви: Александра Блажевска
