Македонската телевизија и ОХО продукција и оваа година ви најавуваат одлична неколку часовна новогодишна програма, исполнета со многу музика, песни, танцови изведби, скечеви, хумор и многу забава. Како што самите тие не информираат, овогодинешната новогодишна програма под насловот “Преспав Мјузик Хол” ќе се емитува на 31.12.2021 година со почеток во 21 часот на првиот програмски сервис, МРТ1.
Покрај “кабаре” изведбите на познатите актери од серијата, настапуваат и неколку познати македонски музички ѕвезди како Владо Јаневски, Викторија Лоба, Зуица Лазова и други.
Изминатите новогодишни изданија се прославија меѓу публиката и се едни од најпрегледуваните македонски содржини на YouTube со повеќе од 4 милиони прегледи.
