Песната “Ове године”, како што велат нејзините автори, е создадена сосема случајно додека работеле во студиото, а каде секако се дружат тројцата најдобри пријатели. Манче, Рале и Армани кои заедно се занимаваат со музиката од почетокот на нивната музичка кариера, секој на свој својствен начин допринесе оваа песна да стане вистински хит. Рале го создал инструменталниот дел, Манче го напишал текстот за песната и потоа веднаш во студио на снимање.
Манче, еден од авторите на “Ове године” и самиот вели дека без феноменалните вокали на Рале и Армани оваа песна никогаш не би успеала, како и секако без инструменталот таа не би станала она што е денес – балкански хит. Тие велат дека со музиката се занимаваат од љубов, затоа и оваа песна го доживеала својот врв и толку голем успех. Песната е пред се летна, модерна во која што може да се пронајде секој парти-манијак, како и секој заљубен човек. Истата е снимена во музичкото студио “Apollo” во Љубљана кај нивниот продуцент Жељко Младеновиќ. За оваа песна тие снимија и видео спот, каде како што велат и самите, за секого има по нешто. Од гола гола кожа па се до романтична приказна, момче кое што е оставено од својата девојка и за полесно да го преболи тоа, тој во својата куќа со базен и атрактивни и преубави девојки, одлично го одглуми словенскиот рапер Манче. Секако спотот и не би бил така интересен без девојките кои се појавуваат во него. Својот дел од работата, односно околу кастингот, одлично го заврши младата тв водителка и playboy девојка Аманда Шабиќ, а освен неа во спотот се појавуваат и Патриција Безег, Ања Ленко, Саманта Шабиќ, Маја Рајштер, Вања Кнежевиќ Сошиќ и Катја Михелчиќ.
Спотот е дело на видео продукцијата Fame & Flame Pictures. За сценариото и режијата се погрижи Роберт Хедзет. Роберт е познат по тоа што од секоја песна го вади максимумот и прави вистинска видео приказна која што ја привлекува публиката да остане до крај и да го догледа видеото. Директот на фотографија е Давид Бурк, за стајлингот е “виновна” Славка Пајк, додека за make-upot познатата Петра Фрохлич. Овие тројца млади дечки со својата нова песна и видео спот веќе привлекоа внимание низ балканските медиуми, така и музичкиот портал Музика24 во контакт со нивниот режисер ја доби оваа приказна која ние денес Ви ја раскажуваме.
Се надеваме дека песната и спотот Ви се допаѓа, доколку е тоа така, искоментирајте на нашата фан страна или пак на нашиот музички портал. Уживајте!
Подготви: Елена Крагуевска
