Легендарниот фронтмен на некогашната група „Азра“, Бранимир Џони Штулиќ, објави двоен албум на својот Јутјуб канал и ги изненади обожавателите ширум регионот за новогодишните празници.
Албумот „Сплет“ има 28 песни а ги содржи неговите нови и стари песни од „Азра“: „Глобус“, „Bide my time“, „Излазак из коме“, „Позив за плес“, „Запршка“, „Сунчана страна улице“ и многу други.
Реакција на фановите не изостана, сите се воодушевени од овој подарок за Нова година.
