Судот во Гитерслоу, Германија, го осуди Алсин Левент за смртта на Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ во сообраќајна несреќа што ја предизвика пред речиси три години. Левент е осуден на три години и три месеци затвор.
Инаку, обвинителството за Левент побара затворска казна од 3 години и 2 месеци, а на обвинетиот да не му се врати возачката дозвола по истекот на казната, додека судот на семејството Шаулиќ побара казна затвор од 4 години. Како што изјави самиот обвинител, казната за сите овие околности е до 5 години затвор.
Инаку, на судењето присуствуваше семејството Шаулиќ, вдовицата Гордана, децата Михајло и Санела, како и синот на починатиот Мирсад Кериќ. Обвинетиот влегол во судницата со качулка на главата и цело време држел тефтер пред себе за да не погледне во семејството. Во судницата дошло до инцидент кога синот на жртвата Мирсад Кериќ вербално го нападнал обвинетиот Левент, но и неговиот адвокат.
На крајот на краиштата, ние сме тажни и разочарани, не поради висината на казната, затоа што уште од почетокот знаевме дека германските закони не предвидуваат долготраен затвор. Нашата тага е затоа што после три години не видовме ронка каење кај тој човек кој одзеде два животи и и во црно зави две семејства. На крајот на краиштата, очекувавме да видиме барем трошка човечност во него, но тоа не се случи. Судијата и обвинителот професионално си ја завршија работата и затоа сме им благодарни и им изразуваме голема благодарност на сите оние кои не поддржуваа и сочувствуваа со нашата болка од трагедијата, а тоа се милиони луѓе ширум светот . Горди сме затоа што Шабан не е и нема да биде заборавен за нив. Со ова се става крај на барем една агонија што не придружуваше од тој кобен 17-ти февруари, но болката и тагата за изгубените животи на сопрузите, татковците и дедовците остануваат засекогаш како дел од нашите животи. – изјави гордана шаулиќ.
Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ загинаа на 17-ти февруари 2019 година, откако вечерта пред трагедијата настапија во Германија. Спасувачките екипи биле известени за несреќата утрото во 6 часот и 50 минути.
