Во прв ред

Крушево го одбележа роденденот на Тоше во знакот на хуманоста (Фото)

Во знак на хуманоста Општина Крушево одбележа уште еден роденден на Тоше.Општина Крушево со спомен куќата „Тодор Проески“ подготвиви хуманитарни активности, односно финансиска помош на неколку семејства од општината, а во тек е и крводарителска акција, како дел од многубројните активности. Оваа година на сите граѓани на Крушево и посетители на спомен куќата им беше овозможено да учествуваат во хуманитарната акција со тоа што ќе донираат финансиски средства. Денес тие донирани пари се враќаат кон оние на кои најмногу им треба.

Одбележувањето на овој ден започна со средба со претставници од Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците со фокус на унапредување на образованието на влашката етничка заедница. Втора година по ред Управата обезбедува пакетчиња за учениците од 3-то одделенио од ООУ „Никола Карев“ – Крушево кои изучуваат влашки јазик и за децата во детската градинка „Гонча Туфа“.

Тоше има само датум на раѓање, а ние ќе апелираме овој ден на хуманоста да се одбележува на ниво на цела држава, а не само во Крушево. Тоше ни остави многу љубов, ни остави добри дела, ни остави музика која вечно ќе се слуша и пренесува на наредните генерации. Тоше Проески ни остави пример како да живееме, како да се почитуваме, како да правиме добри дела, да практикуваме толеранција и заеднички живот за поубав град, поубава општина, поубава држава. – изјави градоначалникот на крушево.

Делегации на општина Крушево и спомен куќата положија цвеќе на гробното место на Тоше, а целодневна програма се одвива во НУ спомен куќа „Тодор Проески“ која вклучува музички и литературни активности.

Во изјавите за медиумите градоначалникот Христоски порача дека 25-ти јануари е и ден на хуманоста во Крушево и аплеира овој ден да се одбележува на територија на цела држава.

Можеби ќе ве интересира: