Во прв ред

И втор пат во Крива Паланка “Џои фест”

Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 23-ти август во Крива Паланка ќе се одржи второто издание на рок фестивалот “Џои фест”. За разлика од минатата година, кога на фестивалот настапија исклучиво домашни бендови, оваа година организаторот се обиде да донесе и една рок ѕвезда од Балканот. На официјалниот список на учесници оваа година ќе настапат шест домашни рок бенда и еден српски рок бенд.

Од Тетово ќе допатуваат “Конкеринг Лајон”, од Куманово рок групата “Ептен”, “Смоки Шејкерс” доаѓаат од Кавадарци, “Фулиш Грин” ќе настапат од Скопје и како рок бендови домаќини кои ќе се појават на сцената се “Вертиго” и “Партали” од Крива Паланка. Ѕвездата на вечерта е екс ју рокерот Момчило Бајагиќ Бајага.

Фестивалот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Крива Паланка, а за потребите на учесниците е обезбедена 17 метарска бина. На ова второ по ред издание на рок фестивалот “Џои фест” се очекува да пристигнат над 10.000 посетители од сите градови во Македонија, како и надвор од неа., за таа цел организаторот најавува организиран превоз за сите заинтересирани посетители од градовите низ Македонија.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: