„Парни ваљак“ сепак ќе продолжи да настапува, и покрај смртта на легендарниот фронтмен Аки Рахимовски. Сепак никој нема да го замени Аки, изјави ко-основачот на групата, Хусеин Хасанефенфиќ-Хус.
“Ние како бенд ќе опстанеме како формација, но сигурно нема да го менуваме Аки. Можеби ќе свириме концерти со некој пејач кој ќе биде гостин. Аки е незаменлив. Верувајте ми, сите ќе умреме ако не продолжиме да свириме. Ние живееме за да свириме. Нам не ни требаше “Парни ваљак” за да заработуваме пари, ние имавме потреба да свириме”, изјави Хасанефендиќ.
Аки ненадејно почина пред една недела на свои 66 години. Групата планираше нов албум и турнеја за 2022 година.
