МРТВ ги промовираше топ 6 песните и изведувачите за кои можете да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа и сметате дека најдобро ќе не претстави на евровизиската сцена во Торино годинава.
Можете да гласате само еднаш за една композиција. Така тврдеа од МРТВ, што може да се прочита и на официјалната страна, но на социалните медиуми се прикажа видео, како може да се гласа повеќе пати.
МРТВ не би било она кое што е доколку веднаш не се случи некој скандал. Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022.
Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50). Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири. Уште на самиот почеток МРТВ со нерегуларности го започнува изборот.
Погледнете го видеото како би ви било јасно за што станува збор:
