Музика на кирилица

После скоро 8 години „Next Time“ го завршуваат албумот со преработки на изворни песни

„Next Time“ деновиве се во студио каде го привршуваат долгонајавуваниот албум со преработки на изворни песни. Тие во 2014-та година ја преработија сега многу популарната „Ја излези Ѓурѓо“ а годинава конечно ќе биде комплетиран проектот кој го започнаа тогаш.

Почнавме 2014 година со „Ја излези Ѓурѓо” и завршуваме со албумот во 2022. Долг временски период на креирање и снимање,но затоа сметаме дека ќе се слуша уште многу подолго. – велат тие.
Покрај „Ја излези Ѓурѓо“ тие ги објавија и преработките: „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка Кумановка. Познатото дуо на овој проект со соработува со маестро Николче Мицевски и Дејан Момировски од XL студио.

Можеби ќе ве интересира: