Фестивали

Андреа ќе не претставува на Евровизија во Торино, Италија

Во специјално издание на емисијата „Стисни плеј” кое се емитуваше во живо на МРТ1 беше објавено дека Андреа ќе не претставува на овогодинешната Евровизија. Имено таа и Виктор Апостоловски има ист број на поени односно по 20 поени. Но како што веќе беше најавено поените од жирито имаат предност па 12-те поени од жирито наспроти 8-те на Виктор беа пресудни. Иако Виктор имаше огромна предност со 12.621 глас од публиката, а Андреа имаше 4300. Таа ќе настапи со песната “Circles” која е дело на Александар Масевски.

Покрај неа во трка за евровизиски претставник беа Калина Велковска, Виктор Апостоловски, Yon Idy, Ris Flower и Лара Иванова.

Евровизија оваа година ќе се одржи во мај во Торино, Италија. Двете полуфинални вечери се на 10-ти и 12-ти, а големото финале на 14-ти мај. Македонија настапува во второто полуфинале, на 12-ти мај.

Можеби ќе ве интересира: