Во прв ред

„Next Time“ за Свети Трифун ќе настапат на плоштадот во Кавадарци

Популарното дуо ,,Next Time” со свој настап ќе ја затвори манифестацијата „Свети Трифун 2022“ на градскиот плоштад во Кавадарци, на денот на виното и вљубените на 14-ти февруари. Нивниот концерт е од 21.30 часот, а пред нив настапуваат Екстра бенд плус.

Во текот на денот ќе настапат локални артисти со староградска музика, како и фолклорен ансамбал. Освен музичката програма предвидени се изложби и дегустации на вина и традиционалното закројување на винова лоза.

Можеби ќе ве интересира: