Познатиот македонски бизнисмен и поранешен градоначалник на Скопје, 76-годишниот Трифун Костовски е познат како голем боем и љубител на музиката. Тој во пензионерските денови има нов имиџ, а за „Фокус“ изјави дека наскоро ќе излезат 4 нови песни од него и документарец за неговиот музички пат.
Четири песни, од кои две на композиторот Копров, а две на Плевнеш, веќе се подготвени. Музиката е дел од мојата душа, од моето секојдневие. Во план е една документарна емисија и видео запис во кој ќе се прикаже мојот музички пат. Не дозволувам тешките моменти да ги нарушат животните задоволства, а музиката, барем за мене, секогаш била огромна пасија и задоволство. Продолжувам напред. – изјави бизнисменот.
