Србија вчера вечер го одржа националното финале за избор на претставник на Евровизија. И како што пишувавме вчера, до крајот беше неизвесно кој ќе ја однесе победата. Во силна конкуренција од етаблирани естрадни имиња како Аца Лукас, Сара Јо, Тијана Дапчевиќ… победата ја однесе до неодамна анонимната Констракта.
До изведбата на песната во првото полуфинале, никој не очекуваше Констракта да се најде на листата на омилени, а нејзината песна и изглед беа коментирани како само уште една во низата незабележителни учесници. Многумина ја нарекоа и чудна, сепак по трите минути во првото полуфинале настана пресврт. Ана со својот настап и различните звуци успеа да привлече огромно внимание на публиката како во Србија, така и во регионот. Многумина го коментираат настапот на Констракта како еден од најоригиналните, додека седи на стол, си ги мие раце и зборува за здравјето. Во рефренот ја повторува фразата „биди здрав“, испраќајќи силна порака и судејќи по реакциите, заразните стихови, стана еден од најголемите фаворити.
Во песната има многу придружни содржини, под капата на ставовите кон здравјето. Не можам да опфатам сè, но го издвојувам односот кон здравјето што оди од “морето” до” конзервата “. Од една страна, живееме во атмосфера на страв дека здравјето е поставено како врвна вредност зад една огромна потрошувачка. – изјави претходно Констракта.

Но која е Констракта? Нејзиното име е Ана Џуриќ и таа е член на групата „Земља грува“, каде е еден од двата женски вокали заедно со Зое Кида. Нејзината кариера започнува во бендот „Mistakemistekae“. Со „Земја грува“ веќе има настапувано на „Беовизија“ во 2009 година.Таа завршила архитектура и е горда мајка на две деца, Лена и Никола. Инспирација за нејзиното уметничко име добила за време на студиите по архитектура, на предметот Историја на уметност каде се зборувало за конструкти, пред се општествени. Така таа го видела целиот свет и сите појави како конструкта. И подоцна го избрала како свое уметничко име. Покрај пеењето, Констракта пишува и песни а инспирацијата за пишување и е нашиот живот. Таа ја објави својата прва соло песна „Жваке“ во 2019 година, по што следеа сингловите „Неам Шаман“, „Нобл“, „Мефт“ итн.

Ми велат дека сум иритантна, но и дека потсетувам на Лејди Гага. Ми се допаѓа кога ми го кажуваат тоа! Луѓето се воодушевени кога првпат ќе ја слушнат мојата песна и се прашуваат што е тоа. Но, по првото слушање ме молат повторно да им пуштам!
ја споменува Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари. бидејќи весниците пишуваат дека има убава коса… Па, таа има поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни капи, а Меган убава коса. Меган е исто така прогонета, а ние ги поддржуваме прогонетите. – изјави ана.
