Следејќи ја Андреа како урбан лик, спотот е сниман на повеќе впечатливи и препознатливи локации во Скопје, за што Андреа и МРТ упатуват благодарност до Македонска пошта, Македонски железници и Студентскиот дом Гоце Делчев. Во видеото доминира Андреа и природната емоција на нејзиниот лик, држејќи се до својот автентичен стил, кој за потребите на снимањето на спотот го усоврши Цаци Паковска. За шминката беше ангажирана Александра Азманова, додека пак за физурата Даниел Николовски.
Јас сум искрено презадоволна. Работевме посветено и со овој спот мислам дека покажавме дека не секогаш финансиите се пресудни, за да се испорача квалитетен продукт. Спотот е работен со многу ентузијазам во мошне краток временски период, што го направи искуството уште повозбудливо. – изјави Андреа.
Таа дополни дека тимската работа и взаемната позитивна енергија е она што го однело спотот на едно ново ниво.
Морам да го пофалам тимот на МРТ кој не ме остави сама во ниеден момент и несебично ми помогна да ја реализирам идејата. Тоа ми покажа дека тие целосно веруваат во мене и проектот. – заокружи талентираната пејачка.
