Никола Роквиќ, кој веќе е познат по бројните хумани дела, објави дека го продава својот Твитер профил за да направи уште еден несебичен гест.
Го продавам својот Твитер профил а парите ќе ги дадам да изградам пат до црквата во родното место на татко ми Маринко во Босански Петровац. Доколку има заинтересирани, контактирајте ме! Не знам ни која е вистинската цена на профилот, ако има стручни лица нека помогнат со информациите. Благодарам! – објави Никола Роквиќ.
И покрај тоа што беше активен на Твитер секој ден, Роквиќ се одлучи на овој потег за да направи нешто важно за родното место на неговиот татко Маринко Роквиќ, кој почина минатата година по долго боледување. Неговиот профил моментално има речиси 65.000 следбеници и ќе биде продаден на оној кој ќе понуди најмногу пари. Последната најголема понуда што ја доби е 4.000 евра и дојде од спортистот, но Роквиќ чека и други понудувачи.
