Петар Младеновски на јавноста познат како Пеце од „Суперхикс“, сними песна која ја посвети неговиот покоен брат, ликовниот уметник Димитар Младеновски но и за сите они кои повеќе не се помеѓу нас. Тој заедно со квартетот „Вива стрингс“ сними емотивна балада под насловот „За сите кои ги нема“. Димитар почина во 2007 година по долга борба со канцерот.
песната е инспирирана од лични чувства, минатите 15 години по загубата на мојот брат но пораката и идејата е да се однесува на СИТЕ КОИ ГИ НЕМА. Многу луѓе, особено периодов изгубија свои драги личности па затоа една таква “општост” во насловот. Моментот кога настана едноставно по долго време ете дошол. Се’ понатаму е необјасниво во миг на креативност, чувство, идеја за песна. Кога тој би можел да ја слушне? веројатно би рекол „Батрошка…ти си повеќе панкер, би требало малку како „Клеш“ да ја направиш да звучи. – изјави Пеце за Женски Магазин.
