Гаро Тавитјан ја сподели својата нова песна, на која е автор, аранжер, клавијатурист, продуцент и тапанар. Се работи за соработка со култниот светски гитарист и драг пријател на Гаро, Mike Stern кој преставува еден од најдобрите и најзначајните гитаристи во светот со моќна солистичка кариера прогласен за гитарист на годината во Америка како и во куќа на славните а сам по себе претставува цел стил во Џез и фјужн музиката. Свирејки во 80-тите со гигантот Miles Davis , Џако Пасториус, Били Кобам па се до Степс Ахед итн, тој е еден од најзначајните мајстори на светската музика. Светската компанија „Јамаха“ произведува персонализиран модел на гитара со потпис Мајк Стерн за целиот свет (signature model). На Бас гостува легендарниот Fernando Saunders – басистот (продуцент/вокалист) на Лу Рид, Павароти, Ерик Клептон, Слеш, Јан Хамер, Џеф Бек, Кип Харахан и мн други. Прекрасниот џез вокалист Clivia Tanisi која соработува со Дејв Векл, Џон Патитучи, Том Кенеди, како и Диран Тавитјан , еден од најврвните клавиристи во џез и фјужн музиката во светот.
Искрено се надевам дека ке уживате во ова парче музика кое го објавува најреномираниот светски Drum Talk TV Американски медиум кој ја негува бубњарската култура. Посебна благодарност до еден од најдобрите светски тапанари на сите времиња, легендарниот Dave Weckl (за пријателската подршката и за снимање на вокалите и видеото на Кливиа), Мајк Стерн, Фернандо Саундерс, Кливиа таниси, интернационалниот реномиран уметник наџа петровиќ за нејзините концептуални ликовни дела во Нашите видео проекти и Диран Тавитјан за генијалниот музички удел и енергија во оваа моја песна како и до компаниите Zildjian Company, Vic Firth, Dwdrums, GEWA Drums и Remo Inc. Ова е подарок од мене за вас љубители на музиката ! – вели гаро.
