Балканленд

Шабан Шаулиќ ќе добие споменик во родниот Шабац

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ почина пред три години, но публиката не го заборава, како и неговиот роден град Шабац, кој ќе му подигне споменик на овој уметник, кој ќе биде откриен на 6-ти септември на неговиот роденден. Оваа информација ја откри градоначалникот на Шабац, д-р Александар Пајиќ на прес конференцијата организирана во Градското собрание, на која присуствуваа Гордана, Илда и Санела Шаулиќ, кумот на Шабан,  бизнисменот Миленко Костиќ, како и академските скулптори Зоран Ивановиќ и Богдан Доброта кои ќе биде задолжен за изработка на споменикот.

Голема благодарност за реализацијата на оваа идеја им должиме на градоначалникот и на новата Власт, како и на нашиот кум Миленко Костиќ и „Авто Чачак“ кои помогнаа во сите сегменти. Споменикот ќе биде на местото каде што беше автобуската станица, од каде Шабан намерно отиде во големиот град и го освои светот. – рече вдовицата на шабан, Гордана шаулиќ

На иницијатива на семејството и со согласност на Градот, одредена е локацијата каде ќе се постави споменикот, а тоа е веднаш до новата стоковна куќа, на зелена површина која се граничи со улицата Мачванска и Крал Милан. Споменикот е фаза на идејно решение, ќе биде во бронза во вкупна величина од околу 4 метри.

Горда сум што татко ми ќе го добие признанието што го заслужува, од градот чие име го прослави. Знам дека и денеска би бил среќен. – рече Илда шаулиќ.

Од градот Шабац соопштија и дека се предвидени се и „Шабанови денови“ кои ќе бидат културен настан кој ќе го негува споменот на делото што го остави овој голем уметник, но и ќе им даде можност на некои млади пејачи да го покажат својот талент.

 

Можеби ќе ве интересира: