Со завршувањето на двогодишното затишје во музичката индустрија и со доаѓањето на пролетта, конечно на виделина излегуваат песните кои Давид со својот тим ги ствараше за време на lockdown-от. Овој пат по низ на неколку енергични песни Давид ни носи балада која не е само љубовна песна, туку песна со порака.
Да се пренесе на публиката искрена емоција преко љубовна песна не е нималку лесно но за него тоа беше само дополнителен предизвик. Како што вели и самиот оваа песна му прирасна за срцето на прво слушање и со нетрпеливост го чекаше денот кога ќе ја сподели со својата публика па затоа и овој пат ја превзема одговорноста за режијата и сценариото.
Секој од нас во себе проживува борба помеѓу срцето и разумот, борба која не е нималку лесна ни едноставна. Во светот во кој живееме понекогаш е тешко да избереме што е исправно, не е едноставно да се одлучи помеѓу срцето и разумот и исто така верувам дека тоа не се само мои битки, туку и битки во секого од нас. Оваа песна ме заинтригира на прва и во мене разбуди слики кои ме инспирираа да ги преточам во спот бидејќи и самиот сум многу често во позиција да морам да победам во битката со самиот себе. Верувам дека во секого од нас се крие сила која се покажува во вистинскиот момент.
Оваа песна е само подсетник и охрабрување дека ја имаме таа сила во себе и дека треба да ја искористиме. За каква песна и спот станува збор дознајте во видеото што следува.
