Музика на кирилица

24 Промо: Иван Раденов ft. Alien Perspective – “Август” (Аудио)

Со нова рок љубовна балада, познатиот македонски идол Иван Раденов повторно се појавува на македонската музичка сцена. Тој во текот на вчерашниот ден на својот YouTube канал премиерно ја пушти новата песна “Август” која што овој пат ја сними во соработка со рок групата Alien Perspective од Скопје. Раденов по одличниот одмор во Грција, деновиве повторно им се враќа на секојдневните музички активности. Дали оваа рок балада ќе доживее свое видео издание, тоа сеуште незнаме, но затоа веруваме дека ова ќе биде летен августовски хит.

Ivan Radenov & Alien Perspective - Avgust / August

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: