Хрватската пејачка Северина на 21 април ќе го прослави својот 50-ти роденден и за тој ден подготвува голема забава. Прославата ќе се одржи во еден популарен загрепски клуб, а хрватските медиуми пишуваат дека нејзините пријатели и соработници од естрадата веќе се подготвуваат за големиот настан.
Северина наводно веќе испратила покани речиси на цела естрада. А, многу нејзини колешки веќе одбираат и модни комбинации во кои се се појават на роденденската забава.
Точниот список на поканети гости не е познат, но дефинитивно таму ќе бидат многу познати естрадни лица.
