Во прв ред

“Карпошово културно лето” стартува со концертот на “Црвена јабука”

Музика24 и понатаму продолжува со поддршка и промоција на музичките настани кои се случуваат ова лето. Па така, ние сме и официјални медиумски покровители на овогодинешната манифестација “Карпошово културно лето 2013” кое е во организација на Здружението на граѓани “Младински форум за соработка” од Скопје, а е под покровителство на општината Карпош.

Оваа година манифестацијата ќе започне на 14-ти август со голем концерт на рок групата “Црвена јабука” кој што ќе се одржи на игралиштето “Сокол” со почеток во 20.30. Организаторите велат дека оваа година карпошовци, а и останатите присутни ќе имаат прилика да уживаат во богатата и одлично селектирана музичко-забавна програма. Во оваа прилика Музика24 ви ги прикажува сите настани кои оваа година ќе се случуваат на манифестацијата “Карпошово културно лето”.

  • 14.08 – Отворање на манифестацијата со голем концерт на “Црвена јабука”, локација: Игралиште “Сокол”
  • 15.08 – Традиционални танци и ора АКУД “Мирче Ацев”, локација: Анфитеатар
  • 16.08 – Музички концерт на групата “Гуру Харе” со ликовен преформанс со Каснопеја, локација: Лептокарија
  • 17.08 – Концерт на класична музика и изложба на дела од дневен ликовен хепенинг, локација: Лептокарија
  • 18.08 – Стенд ап комедија со настап на Весна Бејби Петрушевска, Бојан Велевски и Ефтим Трајчов-Ѓаурски, локација: Плоштад “Педагошка”
  • 20.08 – Музичка ковер вечер цо Никица и Лаура, а веднаш потоа ќе настапи познатата поп пејачка Кристина Арнаудова, локација: Лептокарија
  • 21.08 – Авторска вечер на Огнен Неделковски, локација: Просторот кај вештачката карпа
  • 22.08 – Концерт на латино музика со Петар Ренџов и Тумбао Салса Бенд, локација: Просторот кај вештачката карпа
  • 23.08 – Концерт на џез музика со Симон Киселички Трио и изложба на дела од Акварелен симпозиум, локација: Плоштад “Млечен”
  • 24.08 – Стенд ап комедија со Никола Тодороски, а веднаш потоа музичка ковер вечер со Ред Гарден, локација: Плоштад “Млечен”
  • 25.08 – Проекција на филм “Салата Македонија”, а потоа дегустација на македонска храна и етно музика, локација: Лептокарија
  • 27.08 – Балканска културна вечер со настап на КУД “Пролетер”-Сараево и “Панонска морнарица”-Нови Сад, локација: Анфитеатар
  • 28.08 – Албанско-турска културна вечер, локација: Анфитеатар
  • 29.08 – Музички концерт на познатата поп пејачка Каролина Гочева, локација: Игралиште “Сокол”
  • 30.08 – Концерт на етно-поп музика со групата “Темпера”, локација: Просторот кај вештачката карпа
  • 31.08 – Карпош ретро најт со познатите DJ-и Вера Јанковиќ и Драган Б.Костиќ, локација: Скејт парк
  • 01.09 – Џез вечер со Шери коктел џез бенд, локација: Лептокарија
  • 03.09 – Театарска претстава-мјузикл “Чевел”, локација: Плоштад “Млечен”
  • 04.09 – Концерт на рок музика со групата “ДНО”, локација: Просторот кај вештачката карпа
  • 05.09 – Детска програма со Ања Ветерова и децата од фестивалот “Поточиња” со почеток во 12 часот, локација: Лептокарија
  • 05.09 – Затворање на манифестацијата со концерт на Зуица Лазова и Наум Петрески со почеток во 20.30, локација: Просторот кај вештачката карпа

Сите вие кои што сакате одлична забава, музика… да се забавувате, сигурно веќе одбравте од горе наведеното на кој настан или музички концерт ќе присуствувате, уживајте во овогодинешното издание на “Карпошово културно лето” и секојдневно информирајте се за сите музички случувања тука, на вашиот музички информатор Музика24.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: