Во прв ред

Цеца и Анастасија со прв заеднички концерт во Македонија

Како што дознава музичкиот портал Музика24, балкански познатата дива Светлана Цеца Ражњатовиќ заедно со својата наследничка и ќерка Анастасија, најавуваат голем неколку часовен музички хепенинг во Македонија.

Тие на 11-ти јуни во Аквапаркот во Пробиштип ќе одржат голем заеднички концерт, а како што велат самите организатори, публика освен од Македонија се очекува и од соседните држави Бугарија и Србија. Меѓудругото тие велат дека Цеца заедно со својата екипа ќе настапат на досега најмодерна музичка опрема видена кај нас, а предвидена за вакви големи музички настани.

“Цеца е перфекционист кога станува збор за звукот, стејџот. Ќе ја донесеме најмодерната техника и веруваме дека ќе имаме концерт налик оние на светските ѕвезди. Интересот е навистина огромен, очекуваме неколку илјадна публика во Пробиштип, а веќе почнаа да резервираат карти и гости до Србија и Бугарија, велат организаторите.

Можеби ќе ве интересира: