Во прв ред

Евровизиска забава ќе се одржи вечерва во Дебар маало

Во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија, вечерва (30.04) со почеток во 21:00 традиционално ќе се одржи Евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа  во Торино.

На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар,  посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.  

Настанот ќе се одржи во „„Нано Бар“ во Дебар Маало, а влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен. 

Можеби ќе ве интересира: