Во прв ред

Тони Китановски Трио настапи во Битола за Меѓународниот ден на џезот (Фото)

МКЦ – Битола по осми пат се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот 30-ти април со организирање на концерт на Тони Китановски Трио во кафе барот Порта Џез во Битола. На овој ден организатори на сите седум континенти, секоја година, по повод Меѓународниот ден на џезот презентираат неверојатен спектар на перформанси, едукативни програми и програми за информирање на заедницата. Овој концерт по осми пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира.

Секаде во светот, џезот е мал дел од публиката, од продажбата на цд-а и носачи на звук. меѓутоа се одбележува во целиот свет од пред нема ни десетина година, од кога 30-ти април се одбележува како меѓународен ден на џезот. случувања има секаде на планетава така дека нема никаде на светов џез музичари кои не се ангажирани на овој ден. – вели тони китановски.

Настанот се реализираше со поддршка на Општина Битола и е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува настапи и концерти во преку 100 земји во светот. Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство.

Мило ми е што по пауза од 2 години, заради двете пандемиски години по 8-ми пат во битола се одбележува меѓународниот ден на џезот во организација на Мкц – битола. младинскиот културен центар е официјален унеско клуб и единствен регистриран унеско клуб  надвор од скопје. Мило ми е што е битола еден од европските градови на мапата на одбележувачи на светскиот ден на џезот. – истакна сашо додовски од мкц – битола.

 

Можеби ќе ве интересира: