Авалон продукција синоќа соопшти дека концертот на Масимо Савиќ, закажан за 29-ти мај се одлага од строго од технички причини.
Имено многу голем дел од опремата што „Deep Purple“ ја носат со себе, а за која биле информирани само пред два дена, нема можност да се организира концертот на Massimo во Скопје како што беше планирано, еден ден после „Deep Purple“.
поради обемот на опрема која ја носат „Deep Purple“ со себе, немаме време бината и опремата да ја адаптираме за нов концерт во недела навечер, како и за потребите на концерт од типот на тој на Massimo. Поради тоа, приморани сме да го одложиме концертот и да го замениме за 2-3 концерта во МОБ во ноември/декември. За точните датуми ќе бидете наскоро информирани.
Сите оние кои имаат набавено онлајн влезници за овој концерт, парите ќе им бидат рефундирани автоматски. Оние кои имаат купено влезници преку продажните места на Авалон, може да направат поврат на средства од истото продажно место од каде што имаат купено влезници и тоа во периодот од 18.05 до 25.05.2022 година.
