Еден од најдобрите млади македонски бендови „Funk Shui“, заминува на балканска турнеја. Прва станица е Крагуевац, Србија (20.05) а потоа следуваат: Мостар (21.05), Загреб, Хрватска (24.05), Бања Лука (26.05), Приједор (27.05) и Сараево (28.05).
Бендот е формиран во 2010 година, а нивните песни вклучуваат џез, рап, рок, инди поп, така што сите се жанровски хомогени. Слободата и на текстот и на музиката е заштитен знак на овој бенд. За нив уште се вели и дека се бенд кој е доволно љубопитен постојано да работи на усовршување на своите вештини во изнаоѓање нови начини на музичко изразување.
