Пејачката Милица Павловиќ и покрај неодамнешната смрт на нејзината баба, го исполни ветувањето да придружува еден матурант од Бања Лука на матурската прослава.
Имено таа му беше придружничка на Срѓан Адамовиќ, ученик на Електротехничкото училиште во Бања Лука. Тие двајца се појавија во бела лимузина, а освен што на оваа матура дојде заедно со популарната Милица, неговата матура ја пратеа голем број фоторепортери и медиумски куќи. А ова беше вистинска атракција за целиот град.
По концертот во Бања Лука, каде што беше воодушевена од средношколците, Милица Павловиќ реши да придружува еден од нив на матурската прослава. Случајно среќата ја имаше Срѓан Адамовиќ. Тој и се заблагодарил на Павловиќ и и рече дека ја сака и дека му е мило што ја запознал. А таа изјави дека ќе даде се од себе за да биде на висината на задачата иако има малку трема.
Фото: atvbl.rs




