Вечното момче Бајага и неговите „Инструктори“ се враќаат во Битола ова лето. На 17-ти јуни на Ракометно игралиште, еден од најбараните изведувачи во регионот ќе одржи “лекција“ за добра музика и уште подобра забава. Кој и да бил на барем еден нивен концерт знае дека следува незаборавна вечер и одлична енергија со најголемите хитови од супербогатата кариера на Бајага и Инструктори, бенд кој важи за класика на рокенролот а Бајага за крал на баладите.
Следува уште една прекрасна вечер исполнета со безвременските хитови како „Зажмури“, „Са друге стране јастука“, „Плави сафир“, „Тишина“, „Моји другови“ и уште многу други евергрини кои ги знаат сите генерации a кои ќе се пеат на Ракометно на 17-ти јуни.
За загревање на атмосферата пред концертот ќе биде задолжен битолскиот cover бенд The Groove. Со сигурност ќе се бара влезница повеќе, па затоа побрзајте и обезбедете влезница на време во продажната мрежа на mktickets.mk. Промотивна цена на влезници по цена од 400 денари до 3-ти Јуни. Од 4-ти Јуни до 16-ти Јуни цената за влезница е 600 денари.
