Премиера

ПРЕМИЕРА: „Овој момент“ – Горан Папаз ft Влатко Стефановски (Видео)

Саксофонистот Горан Папаз објави нова песна и видео „Овој момент“, каде гостува легендарниот Влатко Стефановски. Аранжманот и продукцијата на песната се на Гоце Симоноски, мастерингот е на Лазар Цветкоски, а музиката е на Горан Папаз. Видеото е изработено од страна на нашиот познат режисер и сценарист Гоце Цветановски.

Не можам да опишам со зборови колку ми значи ова парче музика на кое ми гостува човекот кого никого нЕ` оставил рамнодушен со неговото свирење. Бескрајно сум благодарен на маестро влатко стефановски и на сите што работеа на овој проект. – изјави горан папаз.

Во продолжение чујте ја „Овој момент“.

Можеби ќе ве интересира: