Во прв ред

Слаткаристика со концерт во Струга (Фото)

Слаткаристика ова лето не застанува. По настапите низ Македонија, како и одржаните концерти во Охрид и Пробиштип на кои приреди одлична забава, овој петок тој свој концерт ќе има и во Струга. Во петок, на 16-ти август Слаткаристика ќе се отвори пред стружани и туристите кои се спремни за супер журка. Летната сцена “Сиеста” во Струга за концертот на нашиот највлијателен рап артист ќе ги отвори вратите во 22:30 часот, а сите присутни ќе имаат можност да присуствуваат на роденденската патерица на Слаткаристика, на кого роденден му е на 15-ти!

Слаткаристика - постер за концертот во СтругаЦена на билетите во претпродажба е 100 денари во Грифон кафе (Струга), додека на врата влезот е 150 денари. Сите пијалоци за времетраењето на концертот ќе се продаваат по цена од 50 денари. Гости на концертот ќе бидат Кацар (Токсиколози), Тајзи и Анакреонт (Аномалиа натива).

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: